
Веројатно безброј пати во денот се симнувате по скали и на тоа не му придавате некакво значење, но за малите животни овие скали можат да бидат многу застрашувачки. Малата хаска Дакота е навистина преплашена од нив.
Нејзиниот сопственик Пол, дава се од себе да и покаже дека нема никаква опасност, користејќи гранули како награда за секоја симната скала. Но, изгледа дека нема голем успех во тоа, Дакота не му верува и одлучува да остане на безбедно место, на врвот на скалите.