
Асот на Челзи Еден Азар, призна дека во моментов не е меѓу петте најдобри играчи на светот, но вели дека е многу блиску.
Ужива во стартот на сезоната, „Сините“ доминираат во Премиер лигата, добро им оди и во Лигата на шампиони, а Белгиецот смета дека мора уште да напредува во сите аспекти на играта, како и да биде одлучен на врвните мечеви.
„Уште не сум меѓу петте најдобри. Можеби сум блиску, но и натаму мора да работам за да бидам дел од таа група“, вели Азар.
„Морам да бидам одлучен на врзвните натпревари, како против Арсенал, и Манчестер Сити“, рече Азар, а потоа откри кој е подобар од него.
„Кој е подобар од мене? Двајца „вонземјани“, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Златан Ибраимовиќ, Рибери и Робен. Тие ја прават разликата во секој натпревар, призна одличниот Азар.