
Не смее да користи електрични апарати, ниту да излезе од својот дом каде би бил изложен на електромагнетни бранови, а покрај тоа не може да оди.
Питер Лојд има 42 години, живее во Карвиф и боледува од многу ретка болест.
Имено, тој не смее да користи електрични апарати, ниту да излезе од својот дом каде би бил изложен на електромагнетни бранови, а покрај тоа не може да оди.
Неговата болест се нарекува електромагнетна хиперсензитивност, а карактеристична е по тоа што електричните уреди, како што е телевизорот може да му предизвикаат тешки телесни реакции.
Луѓето кои доаѓаат на гости кај него не смеат со себе да носат телефони или часовници.
Лојд не смее да користи струја за греење и осветлување а се мие со вода која ја загрева на гас.
Со цел послесно и побрзо да му поминат деновите, додека тој неподвижно лежи во својот кревет, Лојд годишно чита стотици книги, најчесто само на светло од свеќа.
Во своите 20-ти години тој бил личен фитнес тренер, а првите симптоми ги почувствувал кога имал 20 години.
-Ќе ми се замаглеше во главата додека гледав во компјутерот. Не можев да размислував како мислите да ми беа блокирани, објаснува тој.