
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општините Виница и Берово.
Груевски најпрво во 13:15 часот, ќе присуствува на пуштањето во употреба на повеќенаменско игралиште во село Истибања, општина Виница;
Во 13:30 часот, премиерот ќе присуствува на поставувањето камен темелник на ТИРЗ-Виница, додека во 14:30 часот на поставување камен темелник на ТИРЗ-Берово.
Набиената дневна агенда Груевски ќе ја заврши со присуство на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во село Смојмирово, општина Берово, кое е предвидено за 15 часот.
ТИРЗ Виница е лоцирана во месноста Поповец на оддалеченост од 5 километри од градот, а ќе се протега на површина од 20 километри.
ТИРЗ Берово, пак, ќе се гради кај патот Берово – Дабиле, на површина од 17 хектари.