Видео: Руската телевизија по грешка го призна Косово

Руската државна телевизија „Прв канал“ направила огромен пропуст известувајќи за посетата на Владимир Путин во Србија, бидејќи прикажала мапа на Србија без Косово и Метохија – пренесуваат српските медиуми.

„Прв канал“ е основан 1995 година, а 75 проценти е во сопственост на на владата на Русија. Најверојатно станува збор за пропуст бидејќи рускиот претседател ги презентираше своите ставови во врска со српската покраина – пишува Мондо.рс.