АНКЕТА: 80 отсто од граѓаните се против политиката на опозицијата

Речиси 80 проценти од граѓаните се против политиката на бојкот која во моментов ја води Социјал демократсклиот сојуз, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од страна на Центарот за истражување и анализа.

Дека позицијата постапува правилно сметаат само 11.6 проценти од испитаниците.

49.9 проценти од испитаниците очекуваат опозицијата да се врати во собраниските клупи а дека во бојкотот ќе се истрае веруваат само 37.5 проценти од испитаниците.

И оваа анкета покажува убедлива предност на актуелниот премиер Никола Груески наспроти опозицискиот опоненет Зоран Заев.

30.3 проценти од граѓаните имаат највисока доверба во лидерот на ВМРО ДПМНЕ а само 8.6 му веруваат на лдиерот ан СДСМ.

Али Ахмети и спроед оваа анкета е втор според процентот на доверба од 10. 6 проценти. Реизбраниот лидер на ДПА Мендух Тачи има доверба од 6.5 проценти.

На д 1 процент доверба имаат и Стевче Јакимовски  со 4.3, Андреј Жерновски со 3.6 и  Љубчо Ѓеорѓиевски 1.2.

ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партии имаат рејтинг од 28.6 проценти а СДСМ и партнерите доверба од 10.5 проценти.

Дуи има доверба од 9.9 проценти а ДПА 4.4.

Истражувањерто било спроведено теренски од 10 до 15ти октомври  на репрезентативен приметок од 1204 испитаници.