ВИДЕО: Апсењето на загребскиот градоначалник

Снимката од апсењето и приведувањето на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ е објавено од страна на полицијата, објави хрватскиот портал Индекс.

Градоначалникот синоќа е уапсен и спроведен во притвор каде ја минал ноќта.Полицијата го уапсила Бандиќ на границата со Словенија и потоа го довезла во неговиот стан за да присуствува на претресот во присуство на адвокат кој пристигнал по 10 минути. По претресот кој траел повеќе од 6 часа, Бандиќ во 2 часот по полноќ полицијата го однела без лисици во гаражата каде што седнал во црно комбе со кое бил однесен во затворот.

Бандиќ во гаражата, почнал расправија со полицајците, кои го турнале нервозниот градоначалник кон зидот и го тргнале од погледот на новинарите.