
ПС Гостивар поднесе кривична пријава протиф Р.С.(48) од Гостивар, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 08.10.2012 година, во Гостивар пријавениот при регистрација на патничко возило “Фиат“, увезено од Р Италија пред надлежните органи на ПС употребил фалсификувана исправа-согласност за регистрација, при што се здобил со регистерски таблички и сообраќајна дозвола.
На 12.12.2013 година, при извршена контрола од Одделот за граѓански работи при МВР на РМ, во документацијата за регистрирани новоувезени возила во Отсекот за управни работи, констатирано е дека предметното возилото е регистрирано врз основа на фалсификувана документација.