Министерството за финансии денес потпиша договор со Светската банка за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта.
Премиерот Никола Груевски истакна дека станува збор за рехабилитација на 10 патишта во вкупна должина од околу 150 километри за кои ќе бидат обезбедени средства.
Договорот е во вредност од 52 милиони евра и претставува прва фаза од проектот со Свтеска банка за финансирање во новата 4 годишна стратегија со која што се предвидени вкупно 400 милиони долари за Република Македонија.
-Дел од нив се патот Делчево-Кочани, Маврово-Дебар, Гостивар-Тетово, Делчево-Голак и повеќе други, вкупно 10, кои ќе бидат целосно реконструирани, реновирани, некои од нив проширени или изградба на нови. Тоа покажува дека Владата освен што е фокусирана на градба на трите големи автопатишта не го занемарува и делот на регионите, градејќи патишта во сите различни региони на Македонија. Внимаваме и на тој дел затоа што и тие се многу користени патишта од граѓаните, не само автопатиштата, истакна Груевски.
Оваа изјава македонскиот премиер ја даде како одговор на новинарско прашање, по настанот од сферата образование во читалната „1000 книги“.