Пет години затвор е казната која ќе мора да ја одлежи јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус поради убиството на својата девојка Рив Стенкамп.
Судот во неговата родна земја одлучи да го осуди Писториус на петгодишна затворска казна, иако параолимпиецот постојано се бранеше дека девојката ја убил од невнимание.
Обвинителството истакна дека е максимално незадоволно од казната, која според нив е премала за делото кое Оскар Писториус го направи.