Времето ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност попладне и слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервалот од 19 до 25 степени.
Утре ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а во вечерните часови и во четврток под влијание на влажен и студен бран ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и значителен пад на температурата.
Во западните и северните делови, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.
Потоа до сабота ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со повремен дожд, а на планините со повремен снег.