Тетовец крадел протези од умрени иги продавал во Србија

Педесет и двегодишниот Ј.К. од Тетово доби кривична пријава за „скеврнавење на умрен“.

Кај паркот пред Трговскиот Центар извршен е преглед над Ј.К. при што се пронајдени и одземени 12 вештачки протези и четири метални навлаки- вештачки заби, кои ги одзел од гробни места на православните гробишта во Тетово.

Предметите, соопшти денеска МВР, му биле наменети за продажба, а и претходно собирал такви предмети и ги продавал на лица од Србија.