
Даглас МекКинон, некогашен пишувач на политичките говори на Роналд Реган И Џорџ Буш, службеник во Пентагон и колумнист, изјави во една емисија дека е добра идеја да се создаде нова нација без хомосексуалци и латиноамериканци.
Тој своето мислиење го искажува врз основа на резултатите на една спроведена анкетата која покажала дека една четвртина од жителите на Америка сакаат да се отцепат, но не од исти причини. Тој заклучува дека отцепувањето на јужниот дел од државата е најдобро решение за тоа. Десничарот, новоформираната земја би ја нарекол „Реган“, во чест на својот поранешен шеф.
Како голем конзервативец и традиционалист, тој има уште една тачка во кругот на својата програма, а тоа е залагање против човековите права на хомосексуалците.
„Ако верувате во традиционалните вредности, ако сте христија ни, ако верувате во златното правило, тогаш го гледате разоткривањето на овие работи со сопствени очи секојдневно“, вели МекКинон.