
Петти ден по ред ветераните – ивалиди од војната во Хрватска од 1991 до 1993 година протестираат пред зградата на Министерството за воени ветерани во Загреб, со барање оставка на ресорниот министер Предраг Матиќ и двајца негови блиски соработници.
Матиќ пристигнувајќи во својата канцеларија, децидно одби разговор со новинарите кои го чекаа за изјава. Тој само и оддаде почит на Невенка Топалушиќ, 60-годишна ветеранка од Војната со стопроцентна инвалидност, која почина во текот на ноќта меѓу вторникот и средата за време на протестот пред Министерството.
Многу жители на Загреб се насобраа за да им дадат поддршка на воените ветерани, а во пресрет излезе и Црвениот крст, кој им даде ќебиња, храна и пијалаци на демонстрантите.
Вчера беше одржан помен за почината Топалушиќ, на кој присуствува неколкустотици луѓе, кои палеа свеќи на местото на кое таа почина.