
За да го направите овој десерт ви се потребни само три состојки.
Состојки:
– 400 гр. орео колачи со ментол фил
– 200 гр. крем сирење (омекнато на собна температура)
– 250 гр. чоколадо
Начин на подготовка:
Орео колачите ставете ги во блендер и иситнете ги, а потоа измешајте ги убаво со крем сирењето. Од добиената смеса направете топчиња и ставете ги во замрзнувач околу 30 минути. Чоколадото стопете го и со помош на лажица валкајте ги бомбиците во него. Доколку сакате посипете над бомбиците со чоколадни трошки или пак испрскајте ги со стопени ментол бомбони.