Триесет и четиригодишниот Ружди Т. од Скопје починал вчера од струен удар.
Ружди Т. (34) и А.Ф. (42) пристигнале во објект во сопственост на Р.И. (25) со товарно моторно возило со скопски таблички. Ружди Т., кој го управувал возилото, влегол во дворот и започнал да манипулира со кранот, но откако земал една палета и кревајќи ја кон куќата, со горниот дел од кранот удрил во каблите од електричната доводна инсталација над куќата. Во тој момент А.Ф.од струен удар бил отфрлен во дворот, додека Ружди Т. починал.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.