Утре во земјава не очекува променливо облачно време со умерен и засилен ветер и значителен пораст на воздушниот притисок. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, кои на повеќето места ќе бидат под нулата.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер и температура до 10 степени.