Од утре зимски режим на движење низ „Јасен“

Од утре почнува зимскиот режим на движење низ националниот парк „Јасен“.

На патниот правец од Скопје кон Македонски Брод низ Јасен ќе биде дозволено движење од 7:30 до 8:30 часот и од 14:30 до 15:30 часот, а обратно од Македонски Брод кон Скопје од 06:00 до 07:00 и од 16 до 17 часот.