
Ограбена црквата Свети Петар и Павле во Пехчево. Непознат сторител кршејќи ја влезната врата од црквата одзел 250 евра.
За среќа, иконите стари неколку векови и останатите вредни црковни предмети не биле во интерес на разбојникот.
Кражбата ја откриле утрово свештениците, кои дошле на редовната неделна утринска литургија.
Увидот од страна на надлежните истражни органи е во тек .