Олимписка тава – затоа што има се што ви е потребно

Олимписката салата ги содржи сите состојки што треба да ги прими еден спортист. Може да се консумира пред и по тренинг, но и без тоа, зашто е навистина вкусно јадење.

Потребни состојки:

-500 г мелено или сечкано бело пилешко месо

-250 г интегрални тестенини

-2 поголеми моркови

-1 пашканат

-1 корен целер

-2 главици кромид

-2 чешниња лук

-лавров лист

-лажица црвена пиперка

-едно луто пиперче

-500 грама сок од домати

-100 грама рендан кашкавал

-сол, црн пипер и маслиново масло

Приготвување: Пропржете го белото месо на малку маслиново масло, додека да пушти сокови, потоа посолете го и ставете црн пипер. Во месото додајте ги морковот, пашканатот, целерот и кромидот.

Во смесата додајте го лаворот, изрендајте ги чешнињата лук, сипете го речиси целиот доматен сок (оставете две супени лажици) и ставете ја црвената пиперка. Во двете супени лажици сок од домати додајте го сечканото луто пиперче и пропасирајте и потоа додајте го во смесата. Варете на тивок оган со повремено мешање. Кога ќе се свари зеленчукот и ќе подиспари водата, пресипете во сад за печење и посипете одозгора со кашкавалот. Запечете во рерна на 250 степени, додека да се истопи кашкавалот.