
Полицаецот Д.Ш. од Србија во сабота случајно пукал во себе со пиштол на свадбата на својот син.
Тој си пукал во раката од службениот пиштол, а полицијата се сомнева дека куршумот се заглавил во пиштолот и нивниот колега несакајќи пукал.
На помош веднаш дошле сватовите, по што повредениот бил пренесен во локалната болница. Тој бил задржан на лекување и ја пропуштил свадбата на својот син.