
Тешка сообраќајна несреќа пред неколку моменти се случила на патот Куманово- Скопје.
Според очевидците, автомобил од марката „БМВ“ се забил во заштитна ограда. Тие додаваат дека сликата е страшна и дека најверојатно има загинати.
Од полицијата ја потврдуваат информацијата и додавват дека едно лице е загинато, а неколку се повредени, но се уште нема детални информации со оглед на тоа што на местото туку што пристигнала увидната екипа.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.