ФОТО: Јелена Ѓоковиќ една недела по породувањето

Јелена Ѓоковиќ изгледа фантастично само една недела по породувањето.

Таа веќе полека се враќа и на професионалниот живот како директорка на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

Всушност, таа не сака да го занемари еден од најактуелните проекти „Школка на животот”.

И покрај тоа што не се дели од бебето, Јелена се обидува да не ја занемарува работата на Фондацијата. Тие сметаат  дека така и на Стефан ќе му дадат позитивен пример за одговорност.

Често знаат да истакнат дека тие се нормално семејство и не сакаат нивниот син да расте со привилегии.