
Малолетниот приврзаник на Исламска држава кој имал намера да постави експлозив на железничката станица во Виена, признал дека бил врбуван преку интернет.
Според австриските медиуми 14-годишникот, од турско потекло, не негира дека планирал бомбашки напад и дека бил врбуван за таа цел.
Виенскиот дневник „Кронен цајтунг“ врз основа на инсајдерски информации, пишува дека на момчето преку интернет му се ветени 25.000 долари за терористички напад, како и дека ќе добие специјална позиција во ИД.
За време на сослушувањето тој кажал дека сака во џихад, во Сирија, како и дека преку интернет собирал информации за производство на бомби, кои планирал да го постави на јавни места, како што е виенската западна железничка станица.
– Тој планирал да постави експлозив на јавно место, изјави Михаела Обенаус, портпарол на надлежниот обвинител во Санкт Пелтен, додавајќи дека сакал да замине за Сирија да се приклучи на ИД.