
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска ќе го означат отпочнувањето со градежни активности на третата фаза од експресниот пат Велес-Штип (до Кадрифаково).
Третата фаза е преку населените места Лозово-Сарамзалино-Кадрифаково со должина од 10,7 кимометри.
Градежните работи за реконструкција и рехабилитација на овој патен правец почнаа во октомври лани, а треба да биде готов до 2015 година.
Првата фаза од изградбата се одвиваше од клучката Велес до велешката депонија во должина од 4,7 километри. Втората е во должина од 8,9 километри, со што е реконструиран и проширен патот со нова трета лента до село Лозово.