
Грчкиот репрезентативец и член на Панатинаикос, Димитрис Дијамантидис, постигна фантастично остварување, откако на мечот со Фенербахче ја надмина бројката од 1000 асистенции во Евролигата.
Дијамантидис е прв во “клубот 1000”, а до ова достигнување стигна по додавањето кон Слотер, кој погоди за три поени, а прекрасната вечер беше заокружена со победа на грчкиот тим со 91:73.
Инаку ова не е единствен рекорд на Дијамантидис кој сигурно еден од легендите на Евролигата.
Тој го држи рекордот за најмногу асистенции во една сезона вкупно 180 во сезоната 2013/2014, три пати го предводеше ПАО до титулата европски првак, а во два наврати беше МВП. Во 2011 беше прогласен за најкорисен играч, четири пати беше член на најдобрата петорка, а дури во шест наврати ја добиваше наградата за најдобар дефанзивец.
Ова се само дел од постигнувањата на Дијамантидис без кој тимот од Атина неможе да се замисли.