Истекува првиот рок за воведување нов фискален апарат

Денес истекува првиот рок за воведување нов фискален апарат. Во рамки на овој рок, фискален апарат со ГПРС уред требаше да воведат даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). Вториот рок е 31 јануари 2015 година, а се однесува за сите останати обврзници.

Од УЈП информираат дена на последниот ден пред истекот на првиот рок, 3958 обрзници успешно регистрирале 9100 фискални апарати со ГПРС уред.

– И покрај постојаните апели од УЈП упатени преку средствата за јавно информирање, како и доставените персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред, околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат отпочнато оваа постапка, се вели во соопштението од УЈП.

Законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност и парични глоби за правното лице и одговорното лице, доколку немаат воведено фискален систем со ГПРС.