
Долго очекуваниот кам бек на “кралот” Леброн Џејмс во тимот на Кливленд, не помина како што многумина очекуваа.
Кливленд загуби на домашен терен од Њујорк Никс со 90:95, а главен виновник за тоа е кој друг ако не Кармело Ентони.
Крилото на “никси” постигна 25 поени и го расипа дебито на дрим-тимот на Кливленд, каде најпрецизен беше Кајри Ирвинг со 22 поени. Добра партија кај “кавалирс” пружи и Кевин Лав со 19 поени, додека Џејмс постигна 17 поени, притоа губејќи дури 8 топки.
Следниот натпревар Кливленд ќе го игра вечерва на теренот на Чикаго, а натпреварот започнува во 01:00 по полноќ.