
Голем број екстремисти од повеќе од 80 држави се борат во Ирак и во Сирија, се наведува во денешниот извештај на Обединети нации, пренесе МИА.
Во извештајот стои дека околу 15.000 луѓе заминале во Ирак и во Сирија да се борат на страна на Исламска држава и другите милитантни групи, а „Вашингтон пост“ повикувајќи се на разузнавачки извори ибјави дека во Сирија војуваат над 16.000 борци од странство.
– И покрај воздушните напади на меѓународната коалиција, бројот на странски борци не забележа пад и просечно во Сирија пристигнуваат околу илјада борци, посочува „Вашингтон пост“.
Во извештајот се предупредува и дека повеќе земји се соочуваат со проблеми кога борците ќе се вратат од Ирак и од Сирија.