СДСМ го однесе водостопанството во колапс, а сега обвинува за неговата лоша состојба

По денешните обвинувања од опозицијата дека водостопанството во Македонија е во лоша состојба и дека СДСМ  има решенија за спас, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги прашува социјалдемократите каде беа кога  нивната партија со нивниот закон ги ликвидираше  водостопанските претпријатија  и ги остави системите незаштитени и на удар на кражби, а вработените на улица. 

„Само за потсетување во 2006 година СДСМ од 82.600 хектари, колку што имаше во 1987 година, наводнувана површина оставија во функција едвај 20 000 хектари. За разлика од нивната, оваа Влада наводнуваните површини ги зголеми на 43 000 хектари. Каква загриженост кон земјоделците покажува СДСМ кога нуди решението за реконструкција на сегашните системи без изградба на нови. Оваа влада не само што ќе ги обнови постојните туку во следните 10 години ќе изгради и нови водостопански системи и ќе вложи вкупно 200 милиони евра или по 20 милиони евра годишно што за СДСМ е недостижно. Во услови кога водостопанските системи ги донесе во колапс и во стечај, сега СДСМ ја критикува реорганизацијата и градењето на цврсти темели на упавувањето на системите преку формирање на Акционерско друштво за управување со водите“, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство