
Голема трагедија вчера ја натажи Македонија. Изгоре една од најстарите цркви, „Свети Спас“ во беровски Владимирово. Причина за пожарот биле свеќите кај олтарот чии пламени се споиле и предизвикаа јазли од оган. За време на пожарот во црквата имало голем број на верници. Жителите на Владимирово учествувале во гаснењето на пожарот.
Значењето на оваа црква за граѓаните е големо. Црквата имала повеќе стари икони заштитени од државата. Освен тоа, олтарот на оваа црква бил правен на Света Гора.