Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, вторник, без струја ќе останат дел од жителите на Карпош, Сарај, Илинден, Чучер-Сандево и Петровец.
Ова се улиците каде ќе нема струја:
• во време од 09.00 – 15.00 часот дел од бул. Митрополит Теодоси Гологанов – од бр. 160 – 186 (о. Карпош);
• во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците 1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, (општина Сарај );
• од 09.00 – 12.30 часот – нас. Илинден – ул. 8 (кај Макпетрол) и околните улици (0. Илинден);
• од 08.30 – 16.00 часот селата Петровец, Живиње, Сушица, Чифлик, Дивље, Долно, Средно и Горно Коњаре и фирмата Алем компани (о. Петровец);
• од 10.00 – 15.00 часот с. Капница (о. Сарај);
• од 09.00 – 15.30 часот делот кај викедниците во с. Побожје (о. Чучер – Сандево);
• од 08.30 – 10.30 – дел од с. Ржаничино (о. Петровец) и
• од 12.30 – 13.30 часот дел од с, Марино (о. Илинден).