
Американскиот претседател Барак Обама има најнизок рејтинг досега пред утрешните избори за Конгресот, покажуваат резултатуте од анкетата, објавена од весникот „Вашингтон пост“, објави МИА.
Обама има поддршка од 44 отсто од учесниците во анкетата, која беше спроведена во соработка со компанијата Еј-Би-Си.
Четириест и шест отсто од Американците го сметаат актуелниот претседател за „силен лидер“. Речиси ист проценти учесниците во анкетата го означиле како „добар лидер“.
Обама, како и што се очекува, најголемо неодобрување, односно 84 отсто има во редовите на приврзаниците на републиканците.
Кај граѓаните, кои се определуваат како независни има поддршка од 38 отсто, а незадоволни од неговата работа се 55 отсто од оваа категорија анкетирани.
Анкетата е изработена телефонски, меѓу 23 и 26 октомври и во неа учествувале 1.204 Американци, кои живеат во различни делови на САД.