
ЈП „Водовод и канализација“, заедно со останатите јавни претпријатија на Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски, денеска учествуваше во редовна заедничка акција, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Ѓорче Петров.
Водоводното претпријатие вршеше санација на прекопи и на дефекти, чистење на шахти и сливници и други редовни активности.
Воедно, апелира до граѓаните да не фрлаат отпад во системот на канализацијата.