Шесмесечно бебе од селото Слатино кај Јагодина, кое во петокот беше примено во болница со скршеници на раката, клучната коска и со модринки по целото тело, било жртва на злоставување.
Бебето било повредено од неговата мајка Јелена Бојовиќ (17), но таа, поради намалениот интелектуален капацитет не била свесна дека го повредува детето. По лекувањето, детето ќе биде одземено од родителите и сместено во згрижувачко семејство.
Српската полиција и натаму собира информации за овој случај, по што ќе биде утврдено дали мајката Јелена ќе биде кривично гонета.
– Комисијата за злоставување на деца на Општата болница, составена од пет лекари педијатри, заклучила дека станува збор за насилни повреди, поради што се обративме во полиција и во Центарот за социјални работи. Детето е во стабилна состојба и не е животно загрозено. Беше востановено дека левата нога на детето ќе биде пократка од десната заради скршениците, вели д-р. Дарко Милетиќ, директор на јагодинската болница. Инаку, мајката Јелена, која е со ментална попреченост, цело време е во болницата со детето, а двајцата се под 24-часовен надзор од лекарите.
Бисерка Јаковлевиќ, директорка на Центарот за социјални работи во Јагодина, потврдила за српски Курир дека шестмесечното дете по лекувањето ќе биде сместено во згрижувачко семејство.
– Мајката не е во состојба. Не постои соодветна поддршка во семејството и начин да се надмине тој проблем, така што бебето ќе им биде одземено на родителите. Детето е повредено поради несоодветната грижа за него. Мајката е со намален интелектуален капацитет, а бебето е повредено додека мајката го бањала и го преповивала – вели Јаковљевиќ и нагласува дека таа едноставно незнаела да се грижи за детето.