
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го прими академик Глигор Чемерски, по повод неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите – Императорска.
На приемот во Кабинетот на претседателот ќе бидат изложени дел од 43-те дела на академик Чемерски, што од 10 декември годинава до 10 јануари 2015 година ќе бидат изложени во престижната московска галерија Зураб Церетели.
Изложбата под наслов „Во јадрото на Балканот – раката гледа“ е по повод неговата инаугурација во почесен член на Руската академија и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Покрај претседателот Иванов на приемот ќе се обратат и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и академик Чемерски.
Академик Глигор Чемерски на 27 март годинава, во Москва беше инаугуриран во почесен член на Руската академија на уметностите – Императорска.