Времето сончево, температура до 17 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб југоисточен ветер. Претпладне ќе биде со утринска магла долж Повардарието и по некои котлините.

Температурата ќе се движи од 12 до 17 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. По котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на работната недела се очекува промена на времето со засилување на ветерот и повремен локален дожд.