Бошкоски побара изземање на судијата од случајот „Ровер“

Наместо завршни зборови, екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски побара изземање на судијата Илија Трпков кој го води случајот „Ровер“ и негово психијатриско судско вештачење, со коешто ќе се утврдело дали тој може да го води процесот.

Бошковски и денес не се воздржа и повторно беше отстранет од судницата. Смета дека судијата бил пристрасен и мотивиран од страв. Претседателот на Скопска единица го одби барањето на обвинетиот Љубе Бошкоски како неосновано за изземање на судијата и членовите на судскиот совет во случајот „Ровер“.

Одбраната на Бошковски по ова побара изземање и на судијата Трпков и на претседателот на Основниот суд Скопје еден.

Обвинетите во случајот „Ровер“повторно треба да дадат завршни зборови пред судот, откако Апелациониот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во 2001 година.