Фото: Пристигнаа новите вагони. Еве како тие изгледаат

Првата пратка со товарни вагони што за „Македонски железници Транспорт“ кои ги произведе словачката компанија „ЖОС Трнава“ пристигна во Скопје.

Како што веќе е најавено сите 150 треба да пристигнат во првата половина на јануари.

Набавката на товарните вагони изнесува 13,2 милиони евра. Со оваа инвестиција „МЖ Транспорт“ ќе го обнови возниот парк со 75 отворени вагони и исто толку плато-вагони.

vagoni500

Освен тоа во полн ек е и реконструкцијата на скопската железничка станица, која според најавите би требало да заврши до 15.април наредната година.

Повеќе фотографии можете да погледнете на Телеграф.мк