Групна тепачка се случила вчера во автобус на ЈСП со број 64 на автобуска постојка на Партизанска.
Автобусот сообраќал на релација Транзитен центар Скопје – село Никиштани. Тепачката настанала помеѓу две групи на лица на возраст од 15 до 20 години. Приведени се девет лица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Четири лица се пожалиле на повреди при што на истите им се констатирани телесни повреди.