
Кармините Rouge Edition на брендот Bourjois претставуваат нова ера во производството на кармините, благодарение на нивната неверојатна и неодолива формула.
Овие кармини имаат мека текстура која лесно се нанесува на усните. Тие се збогатени со природни масла и ви овозможуваат воопшто да не ги чувствувате, без да ви ги исушат или да ги распукаат вашите усни.
Во истражувањето што познатата модна куќа Bourjois го направила за вас 78, 8 отсто од испитаниците се сложиле дека текстурата на карминот воопшто и не се забележува по нанесувањето, а 79 отсто велат дека се чуствуваат пријатно и кога цел ден го нанесуваат.
Како бренд кој е вистински експерт за бои Bourjois знае дека затемнетите бои се нанесуваат за неверојатен мат-финиш.
Благодарение на формулата која вклучува чисти пигменти, секоја нијанса од овие кармини совршено ги покрива усните со доста интензивна боја и ви дава вистински модерен изглед.
Исто така, неможе, а да не се напомене дека овој кармин трае неверојатни 24 часа, без потреба од често нанесување.