Тешка кражба се случила вчера во куќата на З.А. од селото Делогожда.
Од куќата е одземен мал куфер во кој имало лични документи, документи за идентификација и разновиден златен накит, со што крадецот причинил материјална штета од околу 150.000 денари.
Имено, сторителот со подесен алат ја отворил балконската врата, влегол внатре, се упатил во спалната соба ги одзел наведените работи и го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.