Реал Мадрид и Борусија Дортмунд го трасираа патот во следната рунда

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд славеа на домашен терен против Ливерпул, односно Галатасарај и се првите две екипи кои изборија пласман во следната рунда од натпреварувањето.

Она што го најавуваше, Брендан Роџерс и го оствари, па натпреварот на Сантијаго Бернабе го започна со речиси резервен состав. Со Џерард, Стерлинг, Кутињо и останатите првотимци на клупата, Ливерпул беше поразен со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше напаѓачот на “кралевите” Карим Бензема.

Борусија Дортмунд пак славеше убедливо на домашен терен со 4:1 против турскиот преставник Галатасарај, натпревар кој беше на кратко и прекинат поради тоа што турските навивачи фрлија пиротехнички средства на теренот. Инаку стрелци на головите за Дортмунд беа Ројс, Папастопулос, Имобиле и Каја (автогол), додека единствениот погодок за Галатасарај беше дело на Балта.

Од останатите натпревари, може да се издвои киксот на Арсенал, кој иако имаше водство на “Емирати” со 3:0, сепак не успеа да слави против Андерлехт, па натпреварот заврши нерешено, 3:3, а пак Олимпијакос иако имаше водство на гости кај Јувентус со 1:2, сепак на крајот беше поразен со 3:2.

Резултати Лига на шампиони, 4.коло (вторник)

Група А:

Јувентус – Олимпијакос 3:2

Малме – Атлетико Мадрид 0:2

Табела: Атлетико 9, Јувентус 6, Олимпијакос 6, Малме 3

Група Б:

Реал Мадрид – Ливерпул 1:0

Базел – Лудогорец 4:0

Табела: Реал Мадрид 12, Базел 6, Ливерпул 3, Лудогорец 3

Група Ц:

Зенит – Леверкузен 1:2

Бенфика – Монако 1:0

Табела: Леверкузен 9, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 4

Група Д:

Борусија Дортмунд – Галатасарај 4:1

Арсенал – Андерлехт 3:3

Табела: Борусија Дортмунд 12, Арсенал 7, Андерлехт 2, Галатасарај 1