
Прекршочна пријава за К.Х.(43) и В.Х.(39) од село Велешта, струшко кои вршеле нелегален транспорт на бесправно исечено дрво во шума кое не е жигосано и било без испратница.
Тие биле затекнати кај месноста Лозја атар на селото Ташмаруништа во нелегален транспорт на 1,5 метри просторни огревни дабови дрва во сурова-свежа состојба кои претходно не биле означени за сеча.
Нелегално пресечената и транспортирана дрвната маса заедно со патничкото моторно возило, во консултација со Шумската полиција е одземена.