
Скоро сечие детство е исполнето со ликовите од цртаните херои со сина крв која со своите очи и усни ги топат и најладните срца, принцот на белиот коњ.
Меѓутоа, за некои убавици не постои не постојат само бајките на Дизни, а тоа ни го докажува и младата внука на славната Грејс Кели.
Принцезата Шарлота Казираги (28) веќе долго време се смета за една од најубавите принцези во светот, благодарејќи на нејзината долга смеѓа коса, огнено црвените усни и милата насмевка.
Бидејќи својот изглед го има наследено од својата баба, Шарлота е единствената принцеза која пробала да работи како професионален модел и најбрзо ја освоила титулата за амбасадор на луксуцниот моден бренд „Гучи“.
Таа станува заштитно лице на една од најпознатите модни куќи во светот, со што станува предмет на завист меѓу жените.
Освен тоа, како вистинска принцеза од сите бајки за добра ноќ, Шарлота ја краси и огромната љубов кон коњите и јавањето. Благодарејќи на својот атрактивен изглед, кралските хобија и достоинственото држење, не е ни чудно што на голем број на анкети во магазините таа често е прогласувана за најубава принцеза во светот.
Шарлота е второто дете и единствената ќерка на принцезата Каролина од Монако и италијанскиот бизнисмен и спортист Стефан Казираги.