
Со највисоки мерки на безбедност во Македонија е екстрадиран Метин Ислами познат како командант Талибани.
Од полицијата само потврдуваат дека Ислами е преземен од Косово, но не откриваат повеќе детали.
Ислами беше осомничен и осуден во отсуство за дела поврзани со тероризам и акцијата „Планинска бура“ во тетовско Бродец, каде заедно со уште три лица тогаш беше во бегство.
Од полицијата повеќе детали велат дека ќе соопштат во текот на утрешниот ден.