Русија нема да учествува на нуклеарниот самит во Вашингтон

Руските власти соопштија дека нема да учествуваат во подготовките за нуклеарниот самит, кој треба да се одржи во 2016 година во Вашингтон.

Во таа насока тие оценија дека овој собир „нема никаква смисла“ и премногу значање им се дава на САД.

Ова е прва потврда на властите во Москва дека планираат да го игнорираат нукеларниот самит во Вашингтон, иако официјални претставници на ЕУ претходно изјавиле дека Русија одбива да учествува на овој собир.

Руското МНР соопштило дека на три такви претходни самити биле исполнети повеќето цели, па според тоа на новиот малку би се придонело.

Во соопштението се додава дека САД се обидуваат на форумот да преземат улога на „главен и привилегиран играч“.

Тие додаваат дека САД, заедно со Холандија и Јужна Кореја, кои биле домаќини на претходните самити, ќе одиграат клучна улога во подготовките на документите за самитот, што Москва го смета како нечесно.