
Цедевита во најдобриот натпревар кој го одиграа сезонава го совладаа израелскиот и европскиот шампион Макаби со 83:73, а клучен фактор за победата беше одличната одбрана која ја одиграа во клучните моменти од средбата.
Домашните во своите редови имаа петмина кошаркари со двоцифрен учинок, а најмногу се истакнаа Роко Лени Укиќ со 17 поени, 2 скока и 6 асистенции, како и Немања Гордиќ со 16 поени. Кај Макаби, пак, најрасположен бепе Џереми Парго со 24 поени, Девин Смит имаше 14 поени и 7 скока, додека Скорцанитис дополни 10 поени.
Ова е прв триумф на Цедевита, со три порази, додека Макаби сега има скор 2-2.