Зафировски: Роуд-шоута носат продуктивност

Бизнис- форумите даваат резултати, смета угледниот македонски бизнисмен во САД, Мајк Зафировски. Во интервју за МРТ, тој вели дека продолжува да се зголемува интересот за инвестиции во Македонија.

За тоа како ја оценува економската презентација во САД и дали можеме да очекуваме нови американски инвеститори во Македонија Зафировски вели дека целиот настан во Чикаго го оценува како многу добар.

-Знам дека премиерот и неговата делегација ќе посетат 5 различни градови. Имав можност да присуствувам во Чикаго и мислам дека состанокот беше многу продуктивен. Продолжува да се зголемува интересот на земјата за локации за инвестиција. Има се повеќе инвестиции. Мислам дека роуд -шоуто е доста охрабрувачко, вели Зафировски.

Според него привлекувањето странски инвестиции е многу важен дел од растот на домашниот производ.

– Како што знаете бруто домашниот производ бележи раст од 3, 4 насто. Странскиот елемент е важен не само за инвестициите туку и за стимулирање на локалната економија. Тоа е многу важно. Како второ, привлекувањето странски инвестиции бара пристап од различни агли. Ќе ви дадам еден пример. Еденод говорниците во Чикаго беше претседателот на „Кемет Електроникс“. Како што знаете, „Кемет“ е инвеститор во Македонија. Тие слушнале за Македонија пред 2, 3 години преку реклама на Си-Ен-Ен каналот. Соработката почнала за само 9 месеци оттогаш. Претседателот на „Кемет Електроникс“ зборуваше се најдобро за квалитетот на македонската работна сила и за поддршката од македонската влада што ја добиле за инвестицијата, истакна Зафировски.