Њујорк: Зголемени ограничувањата за брзината на движење на автомобилите

Со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи властите во Њујорк ги зголемија ограничувањата на брзината на движење на автомобилите во градот.

Возачите ќе може да се движат со автомобилите со брзина од 25 милји на час (околу 40 км/час). Само во некои поголеми улици возачите ќе може да се движат како и досега – со брзина на автомобилот од 30 милји на час (48 км/час).

Околу училиштата ограничена е брзината на движење на автомобилите под 25 милји на час.

Во 2013 година во Њујорк загинале 178 пешаци откако биле удрени од автомобил во движење со висока брзина. За споредба, во 1990 година во Њујорк загинале 701 пешак. Проценките се дека човек удрен од автомобил што се движи со брзина од 40 км/час има двојно повеќе шанси да преживее отколку ако брзината е 48 км/час.